Оваа тест мисија има за цел да го демонстрира напредниот дизајн и можностите за повторна употреба на ова џиновско вселенско возило, кое е дизајнирано да носи тежок товар – како што се сателити – а во иднина, да транспортира луѓе на Месечината и Марс.
Лансирањето е дел од тековната серија тестови со кои Спејсекс, под водство на Илон Маск, се обидува да ја потврди веродостојноста на системот старшип како клучен елемент за долгорочните вселенски мисии.
Агенцијата Хина известува дека ова лансирање е извршено според планот, иако сè уште е во експериментална фаза на развој на проектот.






