Како што информираа од КЗК, при извршените контроли, Комисијата за одлучување по прекршок, констатирала повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.
„Меѓу утврдените неправилности се, непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот, неусогласеност на договорните одредби со законските обврски. Комисијата ќе продолжи со активен надзор согласно своите законски надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции“, соопшти КЗК.
Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.






