петок, 14 ноември 2025

Редок волчји пајак повторно откриен по 40 години (ФОТО)

Волчи пајак, вид кој е критично загрозен и во Велика Британија не е виден 40 години, е откриен на островот Вајт.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Научниците го пронашле пајакот, чие латинско име е Aulonia albimana, во природниот резерват „Њутаун Национал Траст“ на истоимениот британски остров, пренесува Би-би-си.

„Откривањето на вид кој бил изгубен 40 години е многу возбудлив настан и доказ за тоа како правилното управување со природните живеалишта, во комбинација со научна љубопитност и соработка, може да даде извонредни резултати“, изјави ентомологот Марк Телфер.

Волчјите пајаци го добиле своето име поради нивните ловечки вештини и затоа што го бркаат својот плен по земјата, а потоа се нафрлаат врз него како волк.

Еден од истражувачите кои го пронашле реткиот пајак, Грејем Лајонс, раскажа дека научниот тим на островот имал само четири часа на располагање додека бродот да дојде по нив.

„Првиот волчји пајак го најдов само девет минути пред поаѓањето, а вториот во последен момент“, објасни Лионс.

Научничката Хелен Смит од Британското друштво за арахнологија изјави дека станува збор за извонредно откритие, едно од најважните во Британија овој век, објави Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ