За оваа комерцијална аеровселенска компанија, со седиште во Ченгду, главниот град на југоисточната кинеска провинција Сичуан, 2026 ќе биде клучната година за забрзување на нејзината инцијатива за „ѕвездена компјутеризација“.
Планот за „ѕвездена компјутеризација“ е амбициозен проект на компанијата да изгради вселенска инфраструктура за вештачка интелигенција (АИ) составена од 2.800 аналитички сателити, пишува Синхуа.
Во рамките на планот мрежата за „ѕвездена компјутеризација“ ќе биде составена од 2.400 сателити за аналитичко пресметување и 400 сателити за обука на компјутери, лансирани во зора-самрак орбити, орбити синхронизирани со сонцето и орбити со мала наклонетост на височини меѓу 500 и 1.000 километри. Преку ласерска вмреженост за комуникација меѓу сателитите и тлото и меѓу самите сателити, на крајот би требало да се оформи глобална компјутерска мрежа за обука и аналитика со капацитет на аналитичка моќ на ниво на сто илјади петафлопи и моќ за обука на ниво од милион петафлопи.
Првата група сателити од овој план беше успешно лансирана во мај 2025 година. Втората и третата група веќе се произведуваат и треба да се испратат во орбитата во 2026, кажа Жао.
Целта на планот е да се изгради мрежа од илјадници сателити и да се почне со комерцијалните операции до 2030, со над 95 отсто аналитички компјутери и да се комплетира целата мрежа од 2.800 сателити до 2035 година.
Во изминатата година компанијата последователно комплетирала повеќе важни технички валидации и успеси.
Во соработка со Шангајскиот источнокинески универзитет Џиао Тонг, Адаспејс неодамна го извршила првиот светски случај на користење вселенска компјутерска моќ за контролирање робот на тлото.
„Оваа технолошка валидација значи дека во иднина, кога ќе бидат недостапни копнените мрежи, можеме директно да се повикаме на вселенска компјутерска моќ преку сателити за управување со интелигентни машини (посредници) како хуманоидни роботи, четириножни кучиња роботи, автономни возила и дронови, овозможувајќи операции без слепи точки“, вели Жао.
Во ноември минатата година тим на компанијата успешно го внесе големиот јазичен модел Кувен3 на Алибаба во првата група сателити на „ѕвездената компјутеризација“, извршувајќи го првото испраќање на општокорисен голем модел во орбитата, а аналитичкиот процес од еден од друг крај траел помалку од две минути.
Како понатамошен успех Адаспејс, на 26 март оваа година, во соработка со центарот за промоција на развојот на мали и средни претпријатија на кинеското Министерство за индустрија и информациска технологија, ја пушти во употреба првата светска вселенска платформа за клауд компјутерски услуги за претпријатија, наречена Прометеј. Ова ја означува транзицијата на вселенската компјутерска индустрија од технолошки пробив до продуктивизација.
Конструирањето на инфраструктурата за вселенска компјутеризација е суштински значајна, бидејќи од корен ќе го измени глобалниот начин на снабдување со компјутерска моќ. Во моментов светскиот развој на АИ се соочува со тесно грло во компјутеризацијата, особено во сферите на локални сервери и аналитичките сценарија во реално време, додека постои недостиг од компјутерска моќ на тлото, вели Жао.
Во извештај на Јан Жијонг, истражувач на Чајна телеком клауд текнолоџи ко лимитед, претставен на форум за време на Денот на вселената на Кина за 2026 во петокот, се потврдени длабоко вкоренетите проблеми со кои се соочува компјутерската моќ базирана на тлото.
Тој посочи дека глобалните информатички центри консумираат 1,5 отсто од светското електрично производство, со 40 отсто употребени за ладење, оставајќи малку простор за унапредување на енергетската ефикасност. Во меѓувреме 70 отсто од Земјиното копно и 95 отсто од океаните се слепи зони за мрежите. Прекуокеанските оптички кабли се мачат со поддршката на интерактивните апликации во реално време. Копнените центри за бази на податоци за ранливи на природни катастрофи.
За споредба, вселенската компјутеризација има повеќекратни предности: ефикасноста на вселенското генерирање сончева енергија може повеќекратно да го надмине тоа на фотоволтаиците на тлото, практично незасегната од циклусите ден-ноќ и климата. Исто така, екстремно студената средина во вселената, блиску до апсолутна нула, може значително да го намали количеството енергија за ладење, кажа Јан.
Веќе постои практична пазарна побарувачка за компјутерската моќ базирана во вселената. Меѓутоа, Јан ги подвлече сериозните предизвици со кои се соочува вселенската компјутерска хардвер инфраструктура. Екстремните услови на вакуум, драматични температурни флуктуации, микрогравитација и интензивна радијација поставуваат екстремно високи барања при селекцијата на хардверски материјали, механичката структура, губењето топлина на чиповите и електричните перформанси. Треба да се забележи дека одржувањето на сателитите по лансирањето е ограничувачки скапо или дури невозможно.
Во доменот на вселенската компјутеризација, Жеџианг леб, истражувачка институција со седиште во Хангжу, во источната кинеска провинција Жеџианг, која е фокусирана на граничната технологија, претставува уште една значителна сила.
Ли Чао, директор на истражувачкиот центар за вселенски компјутерски систем во Жеџианг леб, на форумот за време на Денот на вселената на Кина во 2026 истакна дека поради ограничената комуникациска фреквенција, на традиционалните сателити сериозно им недостига моќ за повратно испраќање податоци. Во моментов, до 90 отсто од податоците генерирани во вселената се изгубени без какво било ефективно процесирање.
За да се осврне на ова, Жеџианг леб го почна проектот „Компјутерска констелација од три тела“, чија цел е да се испрати АИ во вселената за да постигне процесирање податоци во орбитата. На 14 мај 2025 првата тура од 12 аналитички компјутери од „Компјутерската констелација три тела“ успешно влегоа во орбитата. Според планот, групата ќе достигне 100 сателити до 2027. Тимот исто така испратил и валидирал 10 АИ модели во орбитата во соработка со партнерите.
Кинеската Академија за информации и комуникациски технологии (КАИКТ) неодамна го презеде приматот во формирањето професионален комитет за вселенска компјутерска моќ, според Сие Лина, истражувач на КАИКТ.
Комитетот се фокусира на клучните области како АИ чипови создадени во вселената, меѓусателитска ласерска комуникација, ефикасна термална контрола и вселенски фотоволтаици, врши здружени технолошки истражувања и промовира трансформација на технолошките решенија од „технички остварливи“ во „комерцијално одржливи“, вели Сие.
Според првичните пресметки на КАИКТ, големината на кинеската индустрија за вселенска компјутерска моќ се очекува да надмине 250 билиони јуани (околу 36,6 билиони американски долари) до 2030.
Во меѓувреме напредува и дизајнот за вселенска компјутеризација на ниво на државата.
Кина почна обемна студија за одржливост и предпроектна проценка за информациска компјутерска констелација базирана во вселената, кажа неодамна Ју Гуобин, заменик директорот на комерцијалниот вселенски оддел на Кинеската национална вселенска агенција.
Според министерот за индустрија и информациски технологии, Кина го забрзува култивирањето на својот индустриски екосистем за вселенска компјутеризација.
Министерството ќе поддржи напредни истражувања на вселенската компјутеризација, постепено поставувајќи систем на стандарди што ќе ги покрие хардверот, софтверот, вмреженоста и безбедноста, и ќе промовира истражување и развој на технологии и производи како вселенски произведени чипови отпорни на радијација и меѓусателитска ласерска комуникација.
„Во иднина компјутерската моќ базирана во вселената ќе стане универзална јавна услуга, како водата и струјата. Без оглед дали станува збор за носење одлуки за автономни возила во реално време, координирана контрола на јата дронови, или процесирање податоци за истражувачка опрема во морските длабочини, сè може да се постигне преку компјутерската моќ базирана во вселената“, додаде Жао.






