вторник, 21 април 2026

Кокаинот во реките го променил однесувањето на лососот: Откритие на шведски научници

Траги на кокаин кои ги загадуваат реките и езерата можат да се акумулираат во мозокот на лососот и да го нарушат неговото однесување, предупредуваат истражувачите, наведувајќи дека последиците врз популациите на риби сè уште се непознати.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Научниците од Шведскиот универзитет за земјоделски науки во студија откриле дека лососот изложен на кокаин и неговиот главен производ на разградување бензоилекгонин пливал подалеку и се ширел низ езерото во поголема мера од контролната група која не била изложена на дрогата, пренесува Гардијан.

Како дел од студијата, лосос бил пуштен во езерото Ветерн во Шведска, каде што бил следен со акустични предаватели, а резултатите покажале дека изложените риби ги менувале своите модели на движење и почесто влегувале во нови области на езерото.

Се наведува дека изложените риби покажале поголема активност и се движеле и до 14 километри подалеку од неизложените единки, што може да влијае на нивната исхрана, потрошувачката на енергија и изложеноста на предатори.

Стручњаците предупредуваат дека загадувањето со лекови, односно со хемиски супстанци, претставува растечки ризик за биодиверзитетот, додека и претходните истражувања укажувале на промени во однесувањето кај рибите изложени на различни фармацевтски супстанци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ