вторник, 13 мај 2025

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Зголемување од 1,3  проценти на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун и од 0,4 проценти во трговијата на мало со автомобилски горива регистрира Државниот завод за статистика (ДЗС) во март годинава во однос на март минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во трговијата на мало во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 4,3 проценти, а реално за 1,3 проценти, трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 0,9 проценти, а реално опаѓа за 2,3 проценти, трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2,6 проценти, а реално опаѓа за 0,5 проценти и трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 0,4 проценти, а номинално опаѓа за 6,5 проценти“, информира ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ