„Оваа сабота на 1 ноември, Златен Даб беше покровител на спортско искачување на планината Водно во соработка со планинарското друштво H2O и планинарскиот дом ‘Даре Џамбаз’, каде се дружевме со добра енергија, одлична музика и ладно пиво. Поводот беше симболично да го официјализираме почетокот на кампањата за машко здравје на Златен Даб – ‘На здравје, за машкото здравје!’ и приклучување кон ‘Мовембер’ глобалното движење посветено на машкото здравје, со цел да нè потсети дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје“, изјави Марјан Стоилов, директор на сектор за продажба во Прилепска пиварница.

Златен Даб ги повикува сите да се приклучат на кампањата и да направат чекор кон сопственото здравје, затоа што грижата за себе е доказ за вистинска одговорност.

Со секоја наредна година, Мовембер во организација на Прилепска пиварница станува традиција и симбол на одговорност, храброст и заедништво.
На здравје, за машкото здравје!






