Од партијата оценуваат дека СДС и Филипче инсистираат на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, при што, според нив, одат и подалеку од официјалните барања на Софија.
„СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доаѓаат однадвор, а на штета на македонските национални интереси“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека раководството на СДС не ги штити националните позиции, нема црвени линии и не ги застапува интересите на граѓаните. Според партијата, поданичкиот и капитулантски однос на СДС е една од причините за континуираниот пад на довербата кај граѓаните.
Во соопштението се наведува и дека СДС нема став кога станува збор за заштита на македонските интереси и дека единствена цел на партијата е враќање на власт по секоја цена.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и националните интереси, додавајќи дека, сè додека Филипче е „најгласниот адвокат на Софија“, граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС на маргините на политичката сцена.






