За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје исто така сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Според синоптичарите, в недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.
Високи температури се очекуваат и на 13 и 14 јули, кога, според прогнозите, максималната температура ќе достигне и до 36 и 38 Целзиусови степени.





