Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите: Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија.
Универзитетот во Белград пак, е позициониран на 387-мо место на табелата. На веб-страницата на CWUR е наведено дека Универзитетот во Белград е меѓу 1,9 проценти од најдобро рангираните високообразовни институции во светот.
Клучните елементи за рангирање на универзитетите според листата на CWUR се квалитетот на образованието (25 проценти), вработувањето на поранешните студенти, квалитетот на наставниот кадар, истражувачките перформанси, научните трудови, висококвалитетните публикации, влијанието и цитатите.
CWUR е консултантска организација и ја објавува ранг-листата на глобални универзитети од 2012 година.
Минатата година, УКИМ беше рангиран на на 1.990 место.