петок, 24 јули 2026

Суспендирана е директорката на градскиот водовод во Гостивар и уште неколку лица

Aртана Асани, директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод, изјави денеска градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Артана Асани

Објавено на

часот

Сподели

За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар.

Во текот на денот треба да се состане и кризниот штаб, на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно, и дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот, и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број на кој граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, да им биде донесена поблиску до нивните домови.

Тој искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

Тој напомна дека локалната самоуправа е во координација со сите релевантни институции и соработуваат за да како што посочи, дознае вистината.

„Со објавување на резултатите, веднаш ќе почнеме со активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа и засилени контроли за да се обезбеди пристап до здрава вода, што е можно побрзо“, рече градоначалникот Лимани

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот.

„Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту како било да се попречи во работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице коешто менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна“, рече Лимани.

Тој појасни дека проблемите со градскиот водовод имаат повеќегодишна историја и дека од преземањето на фунцкијата овие проблеми се приоритет во неговото работење, како на пример нова водоводна линија на која веќе се работи.

Вонредната седница општинскиот совет е закажана за 15.00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ