сабота, 15 ноември 2025

Судијката Соња Кочовска забрани да се даваат изјави за случајот со старателството на 5-годишното дете

Судијката Соња Кочовска ѝ забрани на мајката Невена Спасеска, нејзиното семејство и адвокатите да даваат какви било изјави во јавноста или да објавуваат содржини на социјалните мрежи поврзани со судскиот процес за старателството над сега петгодишното дете.

Објавено на

часот

Сподели

Истата судијка, покрај тоа што се обидува да наметне цензура, ја оцени мајката како лице што врши психичко насилство врз малолетното дете, бидејќи во одреден период не му го давала на таткото. Оваа спорна одлука е донесена по барање на тогашниот социјален работник Гоце Прцулоски, кој подоцна беше разрешен од случајот и повеќе не работи во Центарот за социјална работа поради серија сомнителни и координирани активности со таткото на детето.

Одлуката на судијката Соња Кочовска е со времетраење од шест месеци, но може да биде укината и многу побрзо, доколку судиите во Апелациониот суд не подлегнат на притисоците што, според информации, се вршат на сите нивоа и во повеќе институции. При носењето на мерката, Кочовска не ја земала предвид пресудата на Врховниот суд, ниту психијатриските вештачења за мајката и детето – единствените релевантни и стручни основи за вакви одлуки, кои имаат поголема тежина од нејзиното лично мислење.

Мајката е пријавена кај судијката Кочовска откако, по правосилната пресуда во Битола со која детето му беше доделено на таткото, побарала од Центарот за социјална работа во Скопје да ѝ издаде решение за видување со детето. Оттаму ѝ било кажано дека во сила е старото решение, но адвокатите на мајката сметале дека постои промена на околности, со што тоа решение повеќе не важи. Иако од Центарот било побарано писмено решение, мајката добивала само усни уверувања дека повторно ќе може да го гледа детето.

Во меѓувреме, Центарот за социјална работа во Охрид секојдневно испраќа дописи до Скопје со предлог детето да му се довери на таткото, повикувајќи се на изречените мерки. Претходниот директор на охридскиот Центар, каде не се очекува поинаков исход поради влијанија од локални моќници, беше разрешен од функцијата, а Министерството за труд и социјална политика поднесе против него кривична пријава поради непочитување на ставот дека за детето треба да одлучува Центарот во Скопје.

Целиот предмет е проследен со сомнителни и коруптивни судски одлуки, кои веќе беа укинати од Врховниот суд, па предметот се наоѓа на повторно судење.

Врховниот суд даде јасни насоки како треба да се постапува во овој предмет, нагласувајќи дека фокусот мора да биде ставен на интересите и благосостојбата на детето. Што се однесува до обидот за цензура на судијката Соња Кочовска – тешко дека таа мерка ќе може да опстои.

Иако станува збор за семејно-правен спор каде се бара особена внимателност во заштитата на малолетни лица, секој родител има право пред јавноста да ги брани своите и правата на своето дете од неправдите и притисоците на институциите кои, со молк и присила, се обидуваат да ја завршат постапката зад затворени врати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ