Преку ваквата иницијатива, Витаминка ја продолжува својата мисија да ги поттикнува општествената одговорност и солидарноста. Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест и да обезбеди поддршка за децата без родителска грижа. Специјалното издание на Стоби Флипс, инспирирано од боите и мисијата на СОС детско село, ја носи пораката на кампањата: „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ – симбол на заедништво и поддршка за децата кои имаат најмногу потреба од тоа.
„Со оваа кампања сакаме да потсетиме дека вистинските вредности почнуваат од емпатијата и желбата да се направи добро дело. Витаминка секогаш била блиску до семејствата и децата, а преку Стоби Флипс – бренд што го обединува сите генерации – сега ја пренесуваме пораката дека заедно можеме да изградиме посреќно и похумано општество,“ изјавија од Витаминка.
Средствата собрани преку оваа акција ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, кој обезбедува психолошка поддршка и специјализирана едукација со рехабилитација за децата и младите поддржани од СОС детско село Македонија.
Од СОС детско село Македонија додаваат дека ваквите партнерства имаат длабоко и трајно значење за нивно непречено делување во општеството. „Партнерствата како ова со Витаминка се клучни за одржливоста на нашата мисија. Тие ни овозможуваат да продолжиме да обезбедуваме стручна поддршка, едукација и психолошка грижа, но и да ја шириме пораката за важноста од заедничка одговорност во грижата за секое дете,“ велат од СОС детско село Македонија.
Во рамки на кампањата ќе бидат реализирани забавно-едукативни активности, меѓу кои посета на маскотата Флип на СОС детско село која ќе вклучува многу забава и смеа, како и посета на децата во фабриката Витаминка, каде тие ќе можат да го запознаат процесот на создавање на нивниот омилен Стоби Флипс и да поминат ден исполнет со учење, дружба и топли моменти.
Со оваа кампања, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога како општествено одговорна компанија, посветена на поддршка на најмладите и на создавање подобро, похумано и посреќно општество за сите.






