вторник, 11 ноември 2025

Спасовски негира дека спречил контрола на дискотеката Пулс во Кочани

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше обвинувањата изнесени на прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека спречил контрола на дискотеката Пулс во Кочани во која во пожар загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени. Демантот на Спасовски доаѓа откако порталот Плус инфо објави преписка помеѓу синот на газдата на дискотеката,  Михаил Јованов и инспекторот во Управата за јавни приходи (УЈП) Драган Паунов – Дацо во која меѓу другото се споменува Спасовски дека ургирал во штипската полиција Јованов да не биде казнет за неправилности при работата на дискотеката.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа, напиша Спасовски на фејсбук, наведува СДСМ.

Овие лаги кои ги шири власта, вели Спасовски, се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.

„Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани“, пишува во објавата на Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ