„Бидејќи и СДСМ и ДУИ се декларираа дека сакаат премиер Албанец, а доколку нивните заложби се реални, а не водени од други побуди, ВМРО-ДПМНЕ го предлага Африм Гаши да ја води владата која ќе ги организира изборите, и тој ќе добие поддршка од опозицијата. Веднаш потоа да се формира техничка влада, а изборите да се закажат за мај месец.
Доколку СДСМ и ДУИ одбијат тоа ќе покаже дека сè што прават е само чист фолклор за да крадат и лажат. За под превезот на национализми да го ограбуваат сиромашниот народ и во Тетово и во Берово, и во Гостивар и во Штип.
Време е на корупцијата и криминалот да им се застане на патот, а тоа е една од најголемите причини зошто се потребни предвремени парламентарни избори во мај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






