среда, 27 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја приватизира итната помош за ќар на поединци

Објавено на

часот

Сподели

„Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, да вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати.

Заев и Ковачевски не можат да ја убедат јавноста дека за државата не е исплатливо отворање на итна помош каде што ја нема, но затоа ќе биде исплатливо за приватен инвеститор.

Наместо да гледаат да го наполнат џебот на лице блиско до Заев и Ковачевски, од СДСМ да го повлечат законот, зошто профитот за кој се пазарат не е од парите на Заев и Ковачевски, туку од буџетот на народот“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ