
„Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.
Кој ќе одговара и дали воопшто некој ќе понесе одговорност затоа што се крши законот? Уште поважно кој ќе им ја надомести штетата на граѓаните кои не можат слободно да стапат во правен промет затоа што системот не е способен да им издаде лична карта согласно законски утврдениот рок?
Власта ги става граѓаните во голем ризик, но и во голема штета“, пишува во партиското соопштение.






