понеделник, 18 мај 2026

ЗНАМ го прашува Филипче дали неговите ставови за уставните измени се поради поседување фирма во Бугарија

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска повторно упати јавно барање до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и до раководството на партијата, повикувајќи ги да одговорат на, како што велат, „прашања од врвен национален и државен интерес“. Од ЗНАМ тврдат дека Филипче е единствен сопственик и управител на компанијата „пауер АИ8“ ЕООД во Петрич, Бугарија и прашуваат дали бизнис интересите влијаат врз неговите политички ставови за Бугарија и уставните измени.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗНАМ тврдат дека според официјални податоци од Трговскиот регистар на Бугарија, Филипче е наведен како „едноличен сопственик на капиталот“ и „управител“ на компанијата „Пауер АИ8“ ЕООД со седиште во Петрич.

„Наместо одговори, добивме само обиди за релативизација и заглушувачки молк. Денес, тој молк мора да заврши. Им должите одговори на македонските граѓани кои се единствениот и краен авторитет во оваа држава. Затоа, секое молчење, избегнување или криење зад политички конструкции нема да биде сфатено како тактика, туку како непочитување кон народот и кон државата“, порачаа од ЗНАМ.

Затоа од ЗНАМ го повикаа Филипче да излезе пред народот за да одговори дали е точно дека тој е сопственик на компанијата во Петрич, со какви дејности се занимава оваа компанија и колкав капитал и имот поседува.
„Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат? Дали Филипче, кога ги застапува своите политички ставови за уставните измени и односите со Бугарија, се води од обврската од Член 49 од Уставот, или пак неговите ставови се условени, ублажени или компромитирани поради грижата за неговиот личен имот и капитал во Петрич?“, прашуваат од ЗНАМ.
Во реакцијата се наведува дека граѓаните заслужуваат транспарентност и одговори за евентуалните деловни интереси на политичарите во странство.
„Ова не е само политичко, туку и законско и морално прашање. Молкот не е одговор. Молкот е признание. Очекуваме Филипче да собере храброст и да се соочи со вистината и со граѓаните. Да објасни дали неговите политички ставови се резултат на неговите лични убедувања или се исклучиво во интерес на неговите бизнис релации со Бугарија“, велат од ЗНАМ.

Според партијата, компанијата е регистрирана на адреса булевар „Гоце Делчев“ бр. 12 во Петрич, а на истата адреса, како што наведуваат, е регистрирана и компанијата „ГОМАСИДРА“ ЕООД, која ја поврзуваат со братот на поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев, Вице Заев.

Од ЗНАМ велат дека постои сомнеж за „испреплетена бизнис мрежа“ на високи структури на СДСМ во соседна Бугарија и бараат Филипче јавно да одговори на повеќе прашања поврзани со компанијата, нејзините активности и евентуалното влијание на бизнис интересите врз неговите политички позиции.

„Дали овие бизнис интереси се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“, прашуваат од движењето.

Од партијата порачуваат дека Македонија не смее да биде заложник на ничии лични и деловни интереси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ