„Сè што фати криминалниот картел на СДСМ и ДУИ се криминализираше, а народот гледа како тоа поминува неказнето. Народот веќе нема верба во правната држава, еден од темелните европски вредности. Народот не гледа еднаквост пред законите, нема одговорност, нема судство, нема образовен систем, нема здравствен систем. Секој аспект од живеењето е урнисан од власта, секој европски принцип и вредност е погазен.
Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






