„По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.
Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ.






