Крајно сме изненадени од двојните аршини, ова асоцира на селективност, пишува во соопштението на партијата Обединети за Македонија по апсењето на поранешниот командант на расформираната полициска единица.
„Апелираме до правните лица кои го водат случајот, истиот да биде отворен повторно, бидеќи процесот е започнат во 2013 година за време на режимското владеење на бегалецот Груевски. Не смееме да дозволиме ниту еден бранител и патриот да ги трпи последиците од едно режимско владеење“, стои во дописот од Обединети за Македонија.
Стојков беше уапсен пред два дена и тој бил баран за одлежување на една година казна затвор за дело од 2001 година.
Стојков во 2016 одлежа затворска казна од три години и три месеци за случајот „Шпион“.






