„Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? До кога врвот на власта ќе штити криминалци“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа дека Кичеец е дел од сообраќајната незгода. Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна. Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец, омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода“, изјави Митева.






