Судењето продолжи со изведување докази од страна на обвинителите за пожарот што избувна на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
На денешното рочиште беа приложени видео снимки и фотографии поврзани со објектот Пулс, како од критичната вечер, така и од периодот кога функционирал низ годините.
„Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно легитимиран како кабаре“, рече обвинителот Дарко Јакимовски.
Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска,а во продолжение следат останатите материјални докази на Обвинителството.






