вторник, 26 мај 2026

Левица: 1.200 амандмани против шверцерскиот обид на Филипче пред заминување да ја приватизира брзата помош

Објавено на

часот

Сподели

„Ја известуваме пошироката македонска јавност дека Левица, како идеолошки профилирана партија, застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство. За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати.

За таа цел, нашите двајца пратеници во Собранието на РМ денес, на Комисијата за здравство, поднесоа над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој енормно штетен закон. Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ