„Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“.
Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.
Обезбедуваме инклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството. Инвестираме во иднината, продолжуваме да го менуваме образованието кон подобро“, изјави Лазаревска.






