четврток, 21 мај 2026

Алијанса за Албанците: Ветуваат живот, а промовираат смрт, обвинителството да отвори истрага за пукањето на митингот на ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Строго ја осудуваме употребата на оружјето и бараме од обвинителството да почне истрага за кривично дело- употреба на недозволено оружје на јавни настани. Бараме одговорност и од организаторите на собирот, значи од партијата што го организираше настанот, одговорност за опасноста што и се закануваше на граѓаните од истреланите куршуми во воздух. За жал, досегашната практика покажува дека сме имале многу други случаи ранети или пак загинати и од слепи куршуми, затоа не смееме да дозволиме вакви инциденти да се повторуваат и да поминат не казнети“, велат од Алијанса за Албанците.

Вчерашниoт митинг на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Чаир беше отворен со овации и аплаузи, но и со пукање од пиштол, кога пред присутните се појави потпретседателот на партијата и поранешен градоначалник на скопската општина, актуелниот пратеник Изет Меџити.

[video:https://youtu.be/zxHrtyO7AYw autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ