вторник, 26 мај 2026

Aлијанса бара од Алтернатива да каже дали сè уште е важечка нивната коалиција

Објавено на

часот

Сподели

„Политичката автономија на секој субјект е прифатен факт за Алијансата за Албанците, како што се и договорите потпишани меѓу субјектите, без разлика дали се политички или подразбираат откажување од дел од нејзината автономија. Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“. Следствено, Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата. Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да ѝ го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас претставува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас.

Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте кај опозициските гласачи кои нè  поддржаа против оваа власт. Ние им остануваме верни во нашето натамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои дадениот збор пред граѓаните е света работа. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, се вели во реакција на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ