среда, 27 мај 2026

Ахмети-Баумгартнер: Очекуваме датум за првата конференција со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Ахмети ја оцени како исклучително важна улогата и конструктивниот пристап на Франција за европската перспектива на Северна Македонија, особено во периодот на нејзиното претседавање со Европската Унија во периодот од јануари до јуни 2022 година, поздравувајќи ја иницијативата на Самитот за Западен Балкан за време на француското претседавање.

Ахмети го поздрави изборот на новата влада во Бугарија и ја изрази потребата и подготвеноста за одвивање на интензивен и конструктивен дијалог во следните месеци за затварање на билатералното прашање меѓу двете земји и за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија.

Двајцата соговорници ја изразија подготвеноста и потребата за поинтензивна соработка меѓу двете земји во насока на унапредување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и земјите на Западен Балкан, што поскоро одржување на првиот меѓувладин состанок и одредување датум за преговори со Европската Унија“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ