Нашето утринско искуство од 9 часот вели дека од Ново Лисиче до Карпош се потребни 40 минути со автомобил. После „Три бисери“ до Железничка станица беше тргни – застани во три ленти.

Тргни – застани и до Народната банка.Го избегнавме булеварот кој води до судскиот комплекс, бидејќи деновиве се возеше по една лента заради градежни работи. Но кон Црвен крст повторно метеж, но уште поголем кон Градска болница и Рекорд.

Потоа метежот кон „Партизанска“ и по „Партизанска“ нѝ се виде како културно – бавно возење по автстрада.
Резултат? Четириесет минути 7 километри. Неславен рекорд? Може и полошо. Навикнати сме, иако сме нервозни и „легнуваме на свирка“.
Во наредните часови нѐ чека генерална проба на прославата на Денот на независноста, со затворени булевари и улици. Е, тоа може да биде „полошото“ кога ќе се „лази“ по пренасочените сообраќајници.





