четврток, 21 мај 2026

„Статуафест – Скопје на улица“, денеска и утре фестивал на живи статуи во центарот на градот

Објавено на

часот

Сподели

Годинава, како и минатата година, според најавите на организаторот, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали.

„Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на ‘Статуафест‘ ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност, бидејќи интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира, артистите овојпат ќе бидат во сосема различни улоги“, соопшти Здружението ТимТеатросК.

Темата на годинашниот „Статуафест – Другото лице на улицата“ е „Скопје на улица“. Како  што наведува организаторот, во преносна смисла „Статуафест“ ќе биде огледало на самите нас односно „што сѐ прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или, пак, бавно низ улиците на нашиот град“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ