„Ги демантирам сите бескрупулозни лаги што ВМРО – ДПМНЕ ги пласира во изминативе десетина дена, а поврзани за мојата семејна куќа и за мојот имот. Мојата семејна куќа во Тафталиџе е изградена од страна на мојот покоен татко 1995 година и јас сум нејзин сопственик од 2006 година. Јас не сум сопственик на градежното земјиште. Дозволете да искажам благодарност и извинување до моето семејство што успеваме сите заедно сплотени да ја трпиме оваа црна кампања за која сум свесен дека нема да престане, без оглед на фактите“, изјави денеска Шилегов.
Тој додаде дека на претстојните избори треба да се зборува исклучиво за Скопје.
„Јас сум човек кој достоинствено ќе го истрпи сево ова. Впрочем, зошто ни е политиката, ако ја загубиме човечноста. Драги мои скопјани, јас сум вашиот градоначалник и убеден сум дека тоа го знаете и го препознавате, и во оваа кампања од мене ќе слушате само како ќе ги решаваме проблемите кои тие луѓе ни ги наталожија. Ќе победиме и на овие избори и ќе продолжиме заедно да го градиме Скопје како една поинаква приказна, Скопје како што сите го сакаме, Скопје како што сите го замислуваме“, изјави Шилегов.






