среда, 20 мај 2026

Шанса за Центар предупредува: Општина Центар планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и 26 предизборни вработувања

Објавено на

часот

Сподели

Шанса за Центар потсетува дека улогата на советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на општината без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека „решава за начинот на располагање со сопственоста на општината“.

„Потсетуваме дека советниците имаат клучна улога во носењето на политики кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да делуваат вокорист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат. Предлагаме таблетите и лаптопите кои со оваа предлог одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да се донираат на училиштата во општината. Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на општината.

Ние го поддржуваме развојот на спортот во општината, но општинските пари треба да се распределат прво според утврдени приоритети, а кај спортот, да нема ексклузивитет еден спортски клуб туку спортот во целина.

Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“. На речиси еден месец до локалните избори сметаме дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ“, се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива Шанса за Центар. Нивната независна советничка листа ќе учествува на локалните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ