Информацијата дека станува збор за плински боци, а не за експлозив, потврди командирот на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, кој рече дека пожарникарите за експлозиите биле информирани од граѓаните.
Според очевидците, пожарот настанал или од заварување, или од дотраена инсталација.
На терен интервенирале две противпожарни возила и десет пожарникари обезбедени со кислородни боци. Пожарот е локализиран во првата фаза, а во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.






