Како што стои во соопштението, од Град Скопје апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Од Град Скопје ги замолуваат граѓаните доколку забележат пожар веднаш да пријават во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.






