среда, 20 мај 2026

Независни за Карпош: Пред крај на мандатот градоначалникот сака да се донесе одлука за нови згради кај изгорените бараки на Заводот за урбанизам

Објавено на

часот

Сподели

Немаме доволно време да ја провериме целата постапка, да се најдат сите можни пропусти, советниците треба матријалите да ги добијат 7 дена пред седница, ако не било така, требало да реагираат, а ако ги добиле на време, зошто ниту еден од 23-те наши народни претставници не најде за потребно да го објави дневниот ред, со време, прашуваат од Независни за Карпош.

„Зошто овој ДУП се носи по стариот Закон за урбанистичко планирање, според кој јавната анкета трае 10 дена, а новиот закон е повеќе од една година на сила? Успеавме да најдеме дека постапката е почната април 2020, но извештаи од Комисија за урбанизам не можат да се најдат на веб страницата на општината, која патем се претставува како најтранспарентна. Ниту па кој било советник кој учествува во таа комисија некогаш нешто известил.

Она што во вакви околности можеме е да побараме од сите советници и од градоначалникот Стефан Богоев предлог-одлуката да се тргне од дневен ред и да се повтори јавната презентација и јавната анкета во услови кога состојбата со ковид-19 ќе се нормализира. Воедно бараме јавната анкета да трае 30 дена, согласно Законот за урбанистичко планирање на сила, а не 10 дена, како во ноември, според стариот закон“, бараат од Назависни за Карпош.

Јавната презентација по предлог Детален урбанистички план Градска четврт З 06, блок З 06.09, Општина Карпош, Скопје, била закажана за лани на 6 ноември во 14.00 часот, во просториите на Општина Карпош, за време на еден од пиковите на пандемијата за ковид-19. Тој ден регистрирани се 1.285 позитивни случаи на ковид-19, согласно податоците на ИЈЗ.

Останува да чекаме дали ќе проработи совеста на мнозинството советници, дали ќе си го завршат мандатот одработувајќи за бизнис интересите на оние кои ги ставиле на листа или барем на крајот ќе се сетат кого претставуваат и чиј глас им ја дал таа улога, предупредуваат Независни за Карпош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ