вторник, 19 мај 2026

На 193 се пријавуваат и лажни повици за пожари

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во период од 10:00 часот до 21:45 на бројот193 беа примени 29 пријави за пожари на Територија на Град Скопје. Од кој 22 пожари со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено,меѓу кои и фабриката Охис каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави беа лажни”, информираат од Противпожарната единица Скопје.

Од Град Скопје апелираат сите граѓани во овие тешки времиња да се однесуваат одговорно и да не го злоупотребуваат телефонскиот број 193, бидејќи во случаи со пожар секоја секунда е важна и истата може да загрози или да спаси нечиј живот.

Во моментов на територијата на Скопје нема посериозни пожари.

Од таму велат дека имаат екипи во Пехчево и Берово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ