вторник, 19 мај 2026

Линиите 5, 11 и 11А во Дексион по изменета траса поради градежни работи

Објавено на

часот

Сподели

Возилата од посочените линии ќе возат по изменет режим, сѐ до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса

*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160

*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса

*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ