Точката за Одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2022 година во Општина Центар – Скопје остана на дневен ред и по неа ќе се гласа. И за оваа одлука е поднесен амандман од Белчева.
„На мали победи да се радуваме. Кога постои граѓански мониторинг на процесите, не може се лесно да помине. Борбата за поправедно, демократско и напредно општество зависи од секој од нас и придонесот кој може да го даде во секојдневните активности. Граѓаните да ги вратиме во Центар давајќи ѝ шанса на Шанса за Центар“, напиша Белчева на својот фејсбук профил.
Пред седницата на Советот, граѓанската иницијатива Шанса за Центар реагираше на закажаните точки од дневниот ред за преминување во приватна сопственост на службените лаптопи на советниците, за да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлогот за 26 предизборни вработувања.






