Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата „Кеј 13 Ноември“ (кај МКЦ) и по сервисните улици кај судовите.
„Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација“.
Инаку, на овој булевар веќе неколку дена се изведуваат градежни работи и во сообраќајните „шпицови“ кога бројни автомобили и автобуси „заглавуваат“ и расте нервозата.

Всушност, деновиве на повеќе булевари и улици во Скопје се вршат интензивни градежни работи. Надлежни негираат дека тоа има каква било врска со локалниоте избори.






