На седницата бил усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапиле кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански иницијативи.
„Министерството за правда останува целосно посветено на водење инклузивен, транспарентен и консултативен процес, чија крајна цел е донесување на современо, функционално и европски усогласено изборно законодавство кое ќе обезбеди фер, демократски и кредибилни изборни процеси“, се вели во соопштението од Министерство за правда.






