среда, 29 април 2026

СДСМ за златната виза на Филипче: ВМРО користи странска агенција за фабрикување афери против опозицијата

Ако Блек кјуб (Black Cube) е „наш плод на фантазија“, тогаш од каде ВМРО-ОКГ има фотографи за кои тврди дека се од визи од пасошот на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче? Дали визите се автентични и оригинални? Или фалсификат, прашуваат од СДСМ по вчерашната објава на ТВ Алфа дека нивниот претседател поседува златна виза од ОАЕ за да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако тврдат дека документите се автентични, ВМРО-ОКГ веднаш мора да одговори: Од каде се фотографиите од пасошот на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче? Кој бил во неговиот дом? Кој ги фотографирал? Ако велат дека се од Министерството на ОАЕ, кој освен Black Cube, приватниот Мосад, има пристап до податоците од системот со фотографии? Или визите се лажни, или Black Cube работи за ВМРО, па вади оригинални или фалсификувани. Нема трето!

Како што веќе кажавме: Black Cube кај Мицкоски дошле директно преку неговиот „брат“ Орбан. Истата фирма му поставила камери во спалната соба на Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија, и тајно ја снимала опозицијата во Словенија, фабрикувајќи афери. Граѓаните јасно гледаат: ВМРО-ОКГ користи странска агенција за следење и фабрикување афери против опозицијата. Вашите лаги повеќе не поминуваат. Одговорете пред граѓаните. Доаѓа времето на вистината“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ