Тој посочува дека за, како што вели, класично кривично дело – поткуп, е изречена казна затвор од една година и три месеци, прашувајќи дали станува збор за казна или награда.
Маневски наведува дека принципот „признај вина и спаси се од казна“ претставува, според него, срамна пракса.
Тој прашува што точно е признаено во случајот, кога, како што истакнува, биле пронајдени 50 илјади евра кај обвинетиот, додавајќи дека „ништо не е признато“ и дека станува збор за „срамна спогодба“.
Во реакцијата, Маневски поставува прашања што се кријат зад ваквите спогодби и дали тие отвораат простор за нови злоупотреби.
Тој предлага судијата во претходна постапка да не ја прифати спогодбата, согласно одредбите од Законот за кривична постапка, и да се спроведе судење.
„Доста со вакви одлуки. Аман бре, што правите?“, стои во неговата реакција.






