Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната утринска температура ќе биде -2 степена (во Берово), а максималната дневна 23 (во Гевгелија).






