понеделник, 7 јули 2025

Гори ниска вегетација и трева на неколку места во Македонија

Сува трева и ниски грмушки горат кај селото Марвинци во Валандово и во атарот на селото Фурка, Дојран, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите веќе неколку часа се обидуваат да ги изгаснат пожарите. Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарите. МВР веќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.

Според информациите на ЦУК до 13 часот на територијата на земјата биле евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои активни се четири. Сува трева и ниска вегетација гори кај селата Бешиште, Прилеп и Катуниште, Кавадарци.  Во Општина Новаци гори шума, а ниска вегетација гори во Грнчари, Ресенско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ