„На 29 јули во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонија Буково. Екипи на ЈП „Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ТППЕ од Охрид и Ресен. Истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран. На 31 јули исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата Буково. И за двата случаи беше поднесена пријава до СВР Охрид за подметнат пожар од непознат сторител. Екипи на ЈП ,,Охридски Комуналец” повторно излегоа на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг. Депонијата преку дрон беше третирана со алги со цел задушување на пожарот. Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја“, напиша на фејсбук Божиновски.





