понеделник, 17 ноември 2025

Радев бара помош од Унгарија за уставните измени во Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди властите во Македонија дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да почне преговори за членство во ЕУ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Ја повикав унгарската страна, која има пријателски односи и растечки економски односи со нашите браќа во Република Северна Македонија да ѝ помогне на оваа земја, со тоа што навистина ќе ги убедиме нашите браќа дека прифаќањето и вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите се неопходен услов за почнување преговори за членство во Европската Унија“, изјави Радев, пренесе „БНР.бг“.

Радев истакна дека Софија го поддржува европскиот пат на балканските земји, но напредокот, според него, треба да зависи од индивидуалните заслуги на секоја држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ