Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од Владата по последните случувања со водоводниот систем, министерот посочи дека проектот е реализиран пред повеќе од една деценија.
„Доколку зборуваме за проектот за филтер-станицата во рамките на изворот Вруток, односно за гостиварскиот водовод, проектот е почнат во 2011 година, а е завршен во 2014 година“, рече министерот.
Тој информира дека по завршувањето на проектот бил изготвен записник за примопредавање и системот бил предаден на локалното комунално претпријатие.
„За истиот постои записник за примопредавање, по што објектот е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар“, изјави министерот Хоџа.





