вторник, 21 јули 2026

Приведени се директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ во Гостивар (ВИДЕО)

Во полициска акција во Гостивар, уапсена е директорката на ЈП „Комуналец“ и членови на менаџментот на ова јавно претпријатие. Во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Приведени се три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорот Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.
Акцијата на полицијата е во координација со Основното јавно обвинителство. Приведените се осомничени за кривичните дела „загадување вода за пиење“ и „тешки дела против животната средина и природата“.
Нема официјални информации од надлежните институции за текот на акцијата.

Во текот на денот се очекува официјално соопштение со повеќе детали за преземените мерки и текот на денот.
Неофицијално, во извештајот на Институтот за јавно здравје пишува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ