петок, 7 ноември 2025

Претпладне облачно, доцна попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ