понеделник, 18 мај 2026

Здравствената состојба на Камчев се влошува, денеска тој повторно бeше однесен на Клиниката за кардиологија

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Јордан Камчев повторно се пожали на своите бранители на влошена здравствена состојба. И покрај примената терапија од Брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно беше во лоша здравствена состојба и со возило на Брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје.

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на Камчев, која очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, Камчев од својата 15-та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до судот“, велат адвокатите Сашо Бошков, Александар Михајлоски и Гоце Ристески, дел од бранителите на Камчев кои денеска беа во посета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ